Утрински Весник
Македонија

Херојска акција во Стенковец: Д-р Виктор Груев и тимот на ЈП Лајка спасија над 30 кучиња од пожар

Bbd02193 a499 47cd a3dc b4eeb48a3a8f.jpeg

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што значи вистинска храброст и човечност. Во координација со два тима и две возила од ЈП „Лајка“, тој успеа да спаси повеќе од 30 кучиња од пансионот во Стенковец, кој бил зафатен од пожар.

Огнот брзо се ширел, а од видеоснимките се гледа дека пансионот веќе почнал да се руши под налетот на пламените јазици. И покрај опасноста, тимот успеал навреме да ги ослободи сите животни.


Во близина на пансионот имало и штала со крави, кои исто така се спасени благодарение на брзата реакција.

Граѓаните изразуваат огромна благодарност до доктор Груев и до храбрите луѓе од ЈП Лајка, кои со својата пожртвуваност и големи срца спречија трагедија.

Можете да прочитате

ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203 км/ч на патот Скопје – Свети Николе

Влегол кај деканот, оставил писмо со закани кон професори и заминал

Алпер Акташ нов амбасадор на Турција во Македонија – ги предаде акредитивите кај Сиљановска-Давкова