Утрински Весник
Спорт

Херојот на Баерн ќе паузира пет недели

Херојот на Баерн ќе паузира пет недели

Лукас Ернандез е еден од хероите во победата на Баерн над Барселона. Францускиот репрезентативец го постигна првиот гол во победата 2:0.

dobivaj vesti na viber

Фернандез со повреда го завршил натпреварот, а денеска клубот потврди дека поради повреда на мускулот ќе отсуствува од тимот околу пет недели.

Лукас ќе го пропушти густиот октомвриски распоред, бидејќи по репрезентативната пауза Баерн ќе одигра три натпревари во Лигата на шампионите и пет во Бундес лигата.

Извесно е дека Лукас ќе го пропушти претстојниот дуел со Аугсбург, а потоа по паузата и дуелите со Дортмунд, Фрајбург и Леверкузен, двомечот со Пилзен во Лигата на шампионите, а во најдобар случај ќе се врати за дуелот со Хофенхајм на 22 октомври и со Барселона четири дена подоцна.

Можете да прочитате

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона