Утрински Весник
Свет

Хегсет: Денес ќе изведеме најсилни удари врз Иран

Hegset.webp.webp

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на прес-конференција во Пентагон изјави дека САД нема да попуштат во војната со Иран сè додека непријателот не биде целосно поразен.

„Нема да попуштиме сè додека непријателот не биде целосно и решително поразен. Но, ќе го сториме тоа според наш распоред и кога ќе одлучиме“, рече Хегсет. 


Тој одржа прес-конференција во Пентагон заедно со претседателот на Здружениот комитет на началниците на штабовите на вооружените сили на САД, генерал на воздухопловните сили Ден Кејн, кој презентираше оперативен извештај за текот на војната.

„Денес повторно ќе биде нашиот најинтензивен ден на напади во Иран – најмногу борбени авиони, најмногу бомбардери и најмногу напади“, рече Хегсет. Тој исто така тврдеше дека Иран испалил најмалку ракети во последните 24 часа од почетокот на војната.

„Од друга страна, во последните 24 часа, Иран испали најмал број ракети од почетокот на конфликтот“, рече тој. Според американските претставници, интензивните воздушни напади значително ги намалија можностите на Иран за ракетни напади и напади со беспилотни летала.

Трамп вчера изјави дека остварувањето на американските воени цели е „многу блиску до завршување“ и дека војната наскоро би можела да заврши, но Хегсет денес не прецизираше колку се блиску САД до остварување на тие цели.

Можете да прочитате

Слободата на медиумите во светот на најниско ниво во последните 25 години

Трамп повторно му врати на германскиот канцелар Мерц поради критиките за војната во Иран

Лавров: Долгорочно решение за Украина невозможно без решавање на основните причини за кризата