Утрински Весник
Спорт

Ханси Флик: Разочарувањето е огромно, но има уште шест бода во групата

Ханси Флик: Разочарувањето е огромно, но има уште шест бода во групата

Германија доживеа шок, речиси идентично како и Аргентина, во првиот натпревар на Светското првенство во Катар. „Панцирите“ имаа предност од 1:0 против Јапонија на полувремето, со голот од пенал на Илкај Гундоган, но во вториот дел примија два гола и на крајот беа поразени со 1:2.

dobivaj vesti na viber

Германскиот селектор Ханси Флик не го криеше разочарувањето по натпреварот.

„Брутално разочарување. Имавме 78% од посед на топката во првото полувреме, во вториот дел имавме многу шанси кои не ги искористивме. Јапонија очигледно не победи со подобра ефикасност. Направивме индивидуални грешки кои не треба да се направат. Знаевме дека Јапонија е брза во транзиција, и така нè добија“, изјави Флик.

Следни ривали на Германците ќе бидат Шпанија и Костарика.

„Мораме да гледаме напред и ќе го направиме тоа. Има уште шест бода во натпреварувањето во групата. Сакаме да ги освоиме и ќе работиме на тоа“, истакна германскиот селектор.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија