Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Досега издадени 18.223 патни исправи за наши граѓани во странство, само во Виена 884

Спасовски: Досега издадени 18.223 патни исправи за наши граѓани во странство, само во Виена 884

Министерот за внатрешни работи за време на работниот престој во Виена, Република Австрија, покрај работната посета на сојузното МВР и билатералната средба со австрискиот колега Герхард Карнер, како и одржаното предавање во австриското МВР, на тема „Миграциски токови и значењето на потпишаниот договор со ФРОНТЕКС за безбедноста на европските граници“, по покана на амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Австрија, Освит Росоклија, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Амбасадата на Република Северна Македонија во Виена, како и со вработените во Амбасадата, во согласност со веќе воспоставената практика при работните посети во странство да се остварат средби со нашите исселеници, а со мотото ,,Го слушаме гласот на сите, секој е важен“.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата на Амбасадата, министерот Спасовски се сретна со амбасадорот Росоклија, како и со министерот советник во Амбасадата, Финка Серафимова-Душков, при што од страна на амбасадорот Росоклија беше информиран за процесот на издавање патни исправи преку дипломатско-конзуларните претставништва, односно дека во изминатиот период, заклучно со 15 ноември, само во Виена се издадени вкупно 884 патни исправи преку заедничкиот проект на Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи, почнат на 1.10.2021 година, а во врска со поднесување барања за издавање патни исправи преку базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва.
Во согласност со новиот проект од страна на МВР обезбедени се и инсталирани вкупно 11 базни станици (Њујорк, Венеција, Брисел, Стокхолм, Љубљана, Лондон, Берн, Виена, Бон, Берлин и Минхен) и 5 мобилни станици, а досега, заклучно со 15 ноември 2022, издадени се вкупно 18.223 патни исправи преку ДКП во светот.

Министерот Спасовски во оваа пригода уште еднаш потврди дека проектот е во насока на сериозно кратење на времетраењето на процедурите, намалување на метежот во управните служби, но и трошоците за граѓаните, со тоа што сега процедурата трае од 15 до 30 дена во споредба со неколкумесечното чекање што беше пракса во минатото пред почнување на проектот.

Од страна на амбасадорот Освит Росоклија беше упатена благодарност до делегацијата на МВР за слухот што оваа Влада и министерот Оливер Спасовски го имаат за потребите на Македонците во дијаспората, при што му презентира дел од предлозите и предизвиците со кои се соочуваат нашите исселеници. Министерот Спасовски и во оваа пригода изрази силно уверување дека токму целта на ваквите средби со нашите исселеници е да се иницираат и забрзаат веќе почнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат.

Можете да прочитате

По повикот на Битиќи и Костадинов си поднесе оставка од СДСМ

Падна првата оставка во СДСМ

Мицкоски: Ќе ја вратиме надежта на народот, резултатите ќе се почувствуваат во првите 100 дена на новата Влада