Утрински Весник
Свет

Хамас предлага три фази за прекин на огнот во Појасот Газа

1707298909 unnamed file.webp.webp

Египетските власти соопштија дека добиле одговорот на Хамас за рамковен договор за прекин на огнот во Појасот Газа и дека ќе разговараат за сите детали од предложената рамка со заинтересираните страни за да се постигне конечен договор што е можно поскоро.

Според египетски безбедносни извори Хамас покажал флексибилност во својот одговор, барајќи конкретна временска рамка за прекин на огнот по муслиманскиот празник Курбан Бајрам на почетокот на април.

– Египет ќе продолжи да вложи максимални напори за да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа што е можно поскоро, изјави шефот на египетската државна информативна служба Диа Рашван.

Хамас предложи план во три фази за прекин на огнот во Појасот Газа односно размена на израелски заложници киднапирани на 7 октомври за палестински затвореници, обезбедување на обнова на Појасот Газа, обезбедување на целосно повлекување на израелските сили и размена на телата на загинатите.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот