Утрински Весник
Скопје

Група карпошани протестираа за слобода на Стевчо Јакимовски, подготвени и да ја демонтираат бараката поради која е осуден

Image 2026 06 14 202333492.png

Група граѓани денеска се собраа пред објектот во кој претходно беше сместена Општина Карпош, изразувајќи поддршка за градоначалникот Стевчо Јакимовски и несогласување со постапките што се водат против него.

Една од присутните во обраќање пред јавноста истакна дека е изненадена од информациите дека Јакимовски би можел да биде приведен или осуден поради објектот кој се наоѓа зад нив. Друг присутен пак носеше штрафилица која ја активираше кога се зборуваше за демонтажата.


„Оваа барака е од времен карактер, монтажна е и може во секој момент да се демонтира. Овде нема цигли, нема малтер, нема армиран бетон. Сè е монтажно и демонтажно“, рече тој.

Според нејзе, објектот бил изграден за потребите на општинската администрација и претставувал привремено решение со кое се заштедувале средства што инаку би се трошеле за закуп на простор.

Поддржувачите тврдат дека конструкцијата може целосно да се расклопи и повторно да се постави на друга локација.

„Кровната конструкција, прозорците, панелите, сè може да се демонтира и повторно да се монтира на друго место. Со тоа може да се увери јавноста и судот дека не станува збор за објект од цврста градба“, порачаа присутните.

На собирот беше упатен апел до судските институции, како што беше наведено, да постапуваат непристрасно и правично.

„Го молиме судството да се издигне над сè и да престане малтретирањето. Овој човек многу направи за општината и заслужува правична постапка“, беше порачано на собирот.

Јакимовски е предмет на судска постапка поврзана со изградбата на објектот, а конечната одлука за случајот треба да ја донесат надлежните институции.

Извор: iNFOMAX

Можете да прочитате

Левица: Каде е ветениот паркинг пред „Црвенкапа”

Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци