Утрински Весник
Македонија

Груби: Претседателот во иднина да се бира во Собранието

Grubi.webp.webp
Ss2

Прашан на кого ДУИ ќе ги даде гласовите во вториот круг од претседателските избори, ако нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот, Артан Груби вели дека услов за тоа е претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

Во интервју на ТВ Сител, Груби беше прашан и за евентуалните коалициски комбинаторики по завршувањето на парламентарните избори.

300x250 (7)

На прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВРМО-ДПМНЕ или со СДСМ, тој избегна конкретно да одговори велејќи – од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот.

„Ние имаме многу јасен став и тоа го кажа и г. Ахмети, а тоа е и во нашата програма, бараме претседател да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство плус бадентерово мнозинство што би обезбедило и општествен консензус што би можел да биде злоупотребен од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно кои можат да ги надгласаат другите заедници затоа што заедно имаат 80 пратеници. Затоа, за да се обезбеди волјата и на другите заедници, наметнуваме решение со бадентерово мнозинство. Тоа е условот за коалицирање во вториот круг ако Османи не влезе во вториот круг“рече Груби.

Артан Груби рече дека ДУИ, заедно со Европскиот фронт, на претстојните парламентарни избори цели на освојување 20 пратенички места

Ss1

Можете да прочитате

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање на 60 години за жени и 62 за мажи – 24info.mk

Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост

Меџити: Приоритет на „Вреди“ е да биде дел од влада ориентирана кон ЕУ и НАТО