Утрински Весник
Македонија

Груби: И Ковачевски се согласи за премиер Албанец, како што беше договорено со Заев

Груби: И Ковачевски се согласи за премиер Албанец, како што беше договорено со Заев

Вицепремиерот Артан Груби, изјави дека Северна Македонија ќе има премиер од албанска националност, согласно коалицискиот договор во 2020 година од страна на ДУИ и СДСМ каде се наведува дека во последните 100 дена од владата, премиер треба да биде Албанец.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Дебат плус“ на косовска телевизија , Груби потсети дека зад договореното стојат првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев.

„Во 2020 година смисливме модерна кампања, која одекна во Приштина и Тирана, велејќи дека е дојдено време за првиот албански премиер, и ова е проект на Али Ахмети за да ги урне табуата. Дојде време да се надминат предрасудите со изборот на албански премиер. Социјалдемократскиот сојуз освои 46 пратеници, ДУИ 15 пратеници,заедно направија 61“, рече тој.

Според коалицискиот договор што го постигнавме договор со Зоран Заев, вели Груби, во последните 100 дена тој ја напушти владата и е заменет со албански премиер. Ова го потпишавме, а излезе и Заев и кажа дека за првпат ќе имаме премиер Албанец, рече Груби.

Според него, договорот се’ уште важи, а дека такво нешто му ветил и актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

„Ковачевски на првата средба пред да биде избран вети дека ќе важи истиот договор што беше постигнат со Ахмети и се ракувавме. Тој рече дека во последните 100 дена, кој и да е, ќе ја напушти функцијата, ќе биде претседател на Собранието, а Албанец ќе биде премиер“, рече Груби.

Додаде дека Али Ахмети ќе го предложи албанскиот премиер.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара