Утрински Весник
Спорт

„Гробари“ ги пречекаа кошаркарите на Партизан како херои на аеродром во 4 наутро

„Гробари“ ги пречекаа кошаркарите на Партизан како херои на аеродром во 4 наутро

Кошаркарите на Партизан беа пречекани како херои во 4 часот наутро на аеродромот „Никола тесла“ во Белград од своите фанови, навивачката група „Гробари“, по второто фантастично издание во Мадрид. Мечот беше прекинат на 1.40 минути до крајот поради жестока тепачка и сигурно ќе следат казни и суспензии за многу кошаркари, но евидентно е дека на „црно-белите“ ќе им биде припишана втора победа со оглед дека имаа водство од 80:95 при почетокот на инцидентот.

dobivaj vesti na viber

Потоа имаше немили сцени, Данте Егзум се здоби со скината тетива на прст од ногата откако Гершон Јабуселе го нападна и го тресна на земја.

Тензијата сега е огромна, сите се во очекување на официјалните информации од Евролига, а серијата се сели во Белград. Победникот од оваа четвртфинална серија ќе се пласира на Ф4 турнирот во Евролигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vladan Tegeltija (@tegeltijavladan)

Можете да прочитате

Македонските селекции финалните дуели на Светското училишно првенство ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“

И машката македонска репрезентација ќе игра финале на Светското училишно првенство во ракомет

Македонските ракометарки обезбедија медал на Светското првенство за средношколки