Утрински Весник
Македонија

Клиничката болница – Штип не прима пациенти со скршеници поради паднатиот покрив

20260722132015 big 730x400 31.webp.webp

Клиничка болница – Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетатa од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип. 

-Ве известуваме дека поради вчерашната елементарна непогода е нанесена штета на Одделот за Ортопедија и ортопедска сала при ЈЗУ Клиничка болница Штип. Ве замолуваме во текот на следните денови до санирање на нанесената штета, пациентите со скршеници да не ги испраќате во Клиничка болница Штип бидејќи нема да можат да бидат адекватно третирани. Во следните денови ве замолуваме пациентите да ги препраќате во другите центри со цел да го добијат соодветниот натамошен третман – соопштија од Клиничка болница-Штип. 


Заменик директорката на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова посочи дека 15 до 20 пациенти од ортопедија се хоспитализирани  по други одделенија. Утринава во болницата на терен биле проценители, со цел да утврдат колкава е штета на кровната конструкција, која падна, со цел побрзо да се санира.

Можете да прочитате

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово

Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион