Утрински Весник
Македонија

Грковска: Или заеднички ќе влеземе во борбата со корупцијата или ќе дозволиме системот да ни остане гнил

Грковска: Или заеднички ќе влеземе во борбата со корупцијата или ќе дозволиме системот да ни остане гнил

„Предуслов за ефикасно справување со корупцијата е активната улога на сите фактори на системот. Во овој процес мора да обезбедиме целосен општествен и политички консензус. Владата на Република Северна Македонија, но и сите ние, сме исправени пред задачата да создадеме соодветен механизам на превенирање на можните коруптивни дејства и нивно навремено и правилно санкционирање“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во денешното обраќање на амбасадорската тркалезната маса „Ефективна борба против организираниот криминал и корупција: Европски добри практики и домашна реформска агенда“, во организација на Советот на амбасадорите во земјата.

dobivaj vesti na viber

Грковска нагласи дека корупцијата е проблем во сите земји во Европа и во светот и токму затоа справувањето со неа е врвен приоритет.

Корупцијата, додаде таа, го поткопува системот, предизвикува негативни последици на економскиот напредок, а сето тоа влијае на животот на граѓаните и токму затоа се создава разочараност кај граѓаните.

„Верувам дека заеднички, организирано и со квалитетни системски мерки можеме да создадеме ефикасен механизам, кој ќе овозможи справување со корупцијата, нејзино превенирање, но и казнување. Од сите нас зависи во какво општество ќе живееме и затоа сите ние како граѓани имаме обврска да работиме на промена на свеста во оваа насока“, рече Грковска.

Додаде дека унапредувањето на интегритетот, одговорното, отчетното и транспарентно работење се клучните механизми во ефикасното справување со корупцијата и поставувањето темели на владеењето на правото, еднаквата правда и казнивоста.

Можете да прочитате

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството, ќе сториме сè кандидатите кои сакаат, да полагаат правосуден испит на својот јазик

Дете повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Заврши судењето за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност и прибавување имотна корист, пресудата на 5 мај