Утрински Весник
Свет
Img 7972

Градоначалникот на Лондон повика на запленување на имотот на Русите поврзани со Путин

Sadik kan nova.jpg
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Лондон Садик Кан ја повика британската влада итно да донесе одлуки за заплена и продажба на имот во сопственост на Руси поврзани со рускиот претседател Владимир Путин и да ги насочи приходите кон оние на кои им е потребна, вклучително и бегалци од Украина.

Во писмото до британскиот секретар за домување Мајкл Гоув, Кан рече дека владата треба да дејствува итно и да овозможи заплена и продажба на имотот што им припаѓа на „пријателите на Путин“.

Градскиот совет предложи да се изградат 4.000 домови од приходите од продажбата на имотот поврзан со Кремљ во Лондон.

Според новата анализа на градското собрание, имотот купен во Лондон од Руси обвинети за корупција или поврзани со Кремљ, чија вредност, според Транспаренси Интернешнл, беше околу 1,28 милијарди во 2022 година, ќе обезбеди доволно средства за повеќе од 4.000 достапни домови.

Можете да прочитате

Северна Кореја управува со четири политички затворски логори со 65.000 притвореници

Mасовни протести во Перу против претседателот, еден загинат десетици повредени

ФИФА: Продадени повеќе од еден милион влезници за СП2026