Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Бутел ја обвинува Арсовска за политикантство и бркање приватни интереси

Градоначалникот на Бутел ја обвинува Арсовска за политикантство и бркање приватни интереси
Dik 300x250 mk

За помалку од две години од својот мандат како градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, со синдикатот на Водовод и синдикатот на ЈСО, како и ссо директорите на сите претпријатија за кои велеше дека се најдобрите за модерно Скопје, вели во својата објава на Фејсбук градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

dobivaj vesti na viber

-Деновиве почна да се кара и со народот од општина Бутел, а според неа сите се виновни освен таа самата, – вели Костовски.

Тој ја обвинува Арсовска за политикантство, приватни интереси и отсуство да се менаџира градот..

-Арсовска, ниту еднаш не ти посочив дека оваа улица која сега тебе ти е приоритет број 1 од твои лични причини е најголем проблем во нашата општина. Постојат многу поголеми кои треба да се решат. Заборави ли на ветувањата на граѓаните од Бел Камен и Кучевишка Бара за кои ти лично даде ветувања дека за 82 дена ќе ги решиш нивните проблеми? – вели градоначалникот Костовски.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман