Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Danela 960x788 1.jpg

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на нивните манипулации, велат од Град Скопје по протестот на којшто градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш упати низа обвинувања до градоначалничката Данела Арсовска поради состојбата со јавниот превоз во општината.

Пред да го организираат протестот пред градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари Ерџан Демир кој ги предводи и кој воедно беше и кандидат за пратеник од истата партија, би требало да ги информира своите сограѓани дека во Шуто Оризари нема јавен превоз бидејќи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје одбива да им овозможи на приватните превозници да возат на нивните автобуски линии согласно барањата кои ги имаат доставено до Трајко Славевски пред неколку месеци“, велат од Градот.

Понатаму истакнуваат дека Ерџан Демир претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ би требало да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси за граѓаните на градот Скопје, а со тоа и на граѓаните на општина Шуто Оризари.

Влеат и дека срамно е и лажењето на Курто Дудуш, кој своите сограѓани ги лаже и ги тера да протестираат на минусни температури за тој да и се допадне на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од каде се надева на поддршка за следен мандат.

„Курто Дудуш би требало да ги информира своите сограѓани дека во Шуто Оризари надлежен за чистење на депониите е тој како градоначалник и општинските служби кои тој ги води. Треба да каже Курто Дудуш каде завршуваат парите кои на парагон блокче се наплаќаат од жителите на Шуто Оризари за собирање на отпад, кој потоа завршува на диви депонии формирана токму од службите на општина Шуто Оризари“, се додава во соопштението на Град Скопје.

На крајот, како што заклучуваат, срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство во Македонија за остварување на теснопартиски политички цели.

Можете да прочитате

Без вода утре населба Крњево

Протест во Сингелиќ поради прекин на струјата, од ЕВН велат дефектот е поради нелегални приклучувања

Денес и утре бесплатен паркинг низ повеќе локации во Скопје