Утрински Весник
Скопје

Град Скопје со 70.000 евра ќе го предновогодишно ќе го кити центарот

Ukrasuvanje.jpg

Град Скопје пред неколку денови објави оглас на кој бара да се јават понудувачи кои би го украсиле главниот град за новогодишните празници. Сите заинтересирани компании ќе треба да ги достават понудите најдоцна до 4-ти декември, по што ќе треба да биде избран победникот.

Кога ќе почне украсувањето ќе зависи од тоа кога ќе заврши тендерската постапка и ќе биде избран изведувач. Доколку има жалбена постапка, можно е украсувањето да се одложи за уште неколку дена.

Според објавениот оглас на Бирото за јавни набавки, се бара на градскиот плоштад да се постави елка со минимална висина од 13 метри, како и други украси.

Покрај украсување на Плоштадот, ќе се украсуваат и улиците Даме Груев, Димитрија Чуповски, 11 Октомври, Филип Втори, булеварите ВМРО, Гоце Делчев, Партизански одреди, како и просторот пред Владата.

За да се избере изведувач, потребно е компанијата да има најмалку три реализирани договори од сличен тип во последните три години, во вредност од најмалку 10 милиони денари.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост