Утрински Весник
Македонија

Граѓаните ви плаќаат секој месец по 500 евра за да попувате тука, целосно сте нефункционани, го искара Арсовска Советот на Скопје

Граѓаните ви плаќаат секој месец по 500 евра за да попувате тука, целосно сте нефункционани, го искара Арсовска Советот на Скопје

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денес пак се скара со советниците во Советот на Град Скопје и им кажа дека не си ги заслужуваат паушалите. Таа излезе на говорница откако советниците одбија долгорочно задолжување на Градот за нови еко-автобуси да биде додадено како точка на дневниот ред, но прифатија да се додаде точка за субвенции за клима – уреди и субвенции за замена на азбестните покриви за социјално загрозените граѓани. Иако ги прифатија двете точки, совениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа ова да биде последен пат да ги добиваат материјалите за дополнителни точки пред почеток на седницата и најавија дека во иднина нема да ги прифаќаат така предложените дополнителни точки на дневен ред. По ваквата најава, збор побара градоначалничката Арсовска.

dobivaj vesti na viber

„ Па не ги прифаќајте, целосно сте нефункционални, не си ги заслужувате паушалите. Секој месец по 500 евра од човек плаќа секој граѓанин за вас тука за да дојдете да седите да попувате, да продавате политика и да не ги поддржувате сите оние работи кои на нив им се неопходни. Претседател на ваш огранок испрати писмо го градот да каже дека за ЈСП требало да има нови автобуси, тоа е претседател на ваш огранок. За кој вие денеска, точката која што беше ставена на гласање на дневен ред не прифативте да се стави на дневен ред и покрај тоа што уредно му беше доставена на претседателот на советот“, рече градоначалничката Арсовска.

Им забележа на советниците дека кога излегуваат на говорница се дволични.

„Крајно дволично е ова за некој кој што како мнозинство кој го претседава овој совет од советници, со месеци и со месеци не може да ги изгласа тука програмите што се неопходни да функционира градот врз основа на кои понатаму треба да се носат други акти и одлуки. Сметам дека е несоодветно да се дрзнете па и процедурално да ги учите тука луѓето, да им кажувате кој какво овластување треба да има. Дали само вие можете вонредни седници да се обидете да свикате па после тоа да не ги свикувате? Дали само вие ќе креирате преседани и тогаш се дозволени, а кога со месеци не ги гласате точките и програмите кои се неопходни за функционирање на градот и после тоа треба да се носат одлуки, е тогаш не можело, односно немало да ги прифатите“, вели градоначалничката Арсовска.

На денешната седница Советот ќе разгледа информација за финансиската состојба на Градот и јавните претпријатија, а ќе има и информација за состојбата со изгорениот мост „Беласица“.

Можете да прочитате

МОН ги известило училиштата дека основците ќе треба неработните денови да ги одработат во саботи

Гром ќе се залага за изградба на 5 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Костадиновска-Стојчевска: Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти