Утрински Весник
Македонија

Граѓаните најчесто практикуваат незаштитени сексуални односи, а на Позитивната листа на лекови и натаму нема ниту еден модерен контрацептив

Граѓаните најчесто практикуваат незаштитени сексуални односи, а на Позитивната листа на лекови и натаму нема ниту еден модерен контрацептив
300x250 (7)

Во земјава, само 14 отсто од жените на возраст од 15 до 49 години, кои се во врска или во брак, користат модерна контрацепција, а најшироко применуван метод на контрацепција е методот на „повлекување“ (прекинување на незаштитениот сексуален однос пред ејакулација). Во периодот од 2011 до 2018 година се намалува користењето на модерната контрацепција кај нас, вклучително и на оралната контрацепција и на спиралата: во 2018 година, машки кондом користеле само 10 отсто од паровите.

dobivaj vesti na viber

Ова се само дел од алармантните наоди што беа претставени на денешната национална конференција „Контрацепција на позитивната листа! Зошто сѐ уште не сме спремни?“, во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Ss1

Наспроти оваа реалност која директно ја загрозува репродуктивната слобода на сите граѓани, стои фактот дека и покрај ветувањата на Владата од 2017 година, и натаму ниту едно контрацептивно средство не е достапно на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Иако во 2020 година беше изменет Законот за здравствено осигурување со што се олесни начинот на ревидирање на Позитивната листа на лекови, Владата на Министерството за здравство се‘ уште немаат оформено соодветна Комисија ниту донесено Правилник за Позитивната листа. Како последица на ова, граѓаните во Македонија плаќаат 42 % од вкупниот трошок за лекови и 100 % од вкупниот трошок за средствата за модерна контрацепција што се достапни во земјава.

„И покрај ваквите податоци, буџетот за програмите преку кои Владата обезбедува орална контрацепција, спирали или кондоми и тоа само за исклучително ограничен број жени од социјално ранливи категории и за жени со повторливи абортуси, се намалува. Па така, од 150 жени во 2018 година, во 2020 и 2021 година бројката паѓа на само 50 жени кои добиле бесплатни контрацептиви и тоа само преку здравствените установи на секундарно и терциерно ниво“, истакна Драгана Каровска Чемерска, програмска раководителка во ХЕРА.

Според проф. д-р Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство, бројни истражувања спроведени на глобално ниво потврдуваат дека пристапот до модерна контрацепција ги намалува мајчината смртност за 25 отсто, а
смртноста на новороденчиња за 20 отсто.

„Одредени методи на контрацепција ја намалуваат инциденцата на ХИВ и на сексуално преносливите инфекции, а соодветната
информираност и употреба на контрацепција спречува непланирани бремености“, дополни таа.

М-р Ирина Луческа посочи дека Индексот за Македонија, со кој се изразува потребата за семејно планирање, задоволена со модерни методи во рамки на генералниот национален „Индекс на универзална здравствена покриеност“, е оценет со 25, при што во светски рамки полош индекс од ова имаат само Албанија, Јужен Судан, Сомалија и Чад. Овој поразителен факт може да се илустрира со податокот од Заводот за мајки и деца при Здравствениот дом – Скопје според кој во 2020 година бил преполовен бројот на совети за планирање на семејството во примарната здравствена заштита.

„Анализата на перцепциите на релевантни пратеници за достапноста и употребата на современи средства за контрацепција покажа дека носителите на одлуки се согласни дека треба да има советување за сексуално и репродуктивно здравје, вклучително и за контрацептивните средства“, истакна д-р Марија Ристеска, извршна директорка на ЦРПМ – Центар за истражување и креирање политики и авторка на анализата.

„Носителите на одлуки се согласни дека кондомите треба да бидат бесплатни идостапни за секого во здравствените установи, а контрацептивните пилули вклучени на позитивната листа на лекови.“

„Иако државата се обврза да воведе модерни контрацептиви на позитивната листа уште во 2010 година со Националната стратегија за сексуално и репродивно здравје 2010-2020, со жалење констатираме дека 12 години подоцна ниту една Влада не успеа да го подобри пристапот до контрацепција. Оттука нашата Влада и сите одговорни институции треба во најкус можен рок да пристапат кон остварување на бројните ветувања што ги имаат дадено како потписници на меѓународни документи, но и на задачите што самите си ги поставиле во рамки на националните стратегии. Ова подразбира отпочнување на процесот на ревидирање на Позитивната листа на лекови заради нејзино проширување со најмалку едно модерно контрацептивно средство, со што би се подобрила универзалната покриеност со здравствена заштита, особено на најранливите граѓани кои немаат пристап до услуги за семејно планирање“, заклучува ХЕРА.

Ss1

Можете да прочитате

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Костадиновска-Стојчевска: Со шест милиони евра во следните три години, Турскиот театар добива современ и опремен дом, достоен на реномето