Утрински Весник
Свет

Чавушоглу: „Целта им е конфликтот во Украина да потрае за да ја ослабнат Русија“

Чавушоглу: „Целта им е конфликтот во Украина да потрае за да ја ослабнат Русија“

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу предупреди дека меѓу западните земји има и такви кои се залагаат за продолжување на борбените операции во Украина, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Како што наведува, целта е „да се ослабне Русија“.

Чавушоглу, исто така, посочува дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира одделно да разговара со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

„Нашиот претседател има намера да води дијалог и со Путин и со Зеленски во наредниот период. Нашите напори се насочени кон организирање на нивната средба“, вели Чавушоглу, без да прецизира дали станува збор за лични средби или телефонски разговори.

Шефот на турската дипломатија додава дека за време на разговорот со неговиот турски колега во Самарканд, каде што на 15 и 16 септември се одржа самитот на Шангајската организација за соработка, рускиот претседател не ја исклучил можноста од враќање на преговарачкиот процес на Русија со Украина.

Сепак, според него, Турција нема да ги признае резултатите од референдумот за обединување на Доњецк и Луганската народна република, Херсон и Запорожје со Русија.

„Ја информиравме и ја известуваме Русија дека не ја признаваме анексијата на Крим. Не ги признаваме ниту резултатите од референдумот одржан на територијата на Украина. Веќе ја изразивме нашата загриженост и нашата позиција во врска со ова прашање“, вели Чавушоглу. Според него, конфликтот во Украина мора да биде завршен со воспоставување праведен мир, „пред сè за Киев“.

„Конфликтот во Украина мора да биде прекинат со воспоставување праведен мир. И пред сè праведен за Украина. Како што веќе реков, Турција ги смета тие територии за окупирани, но не губиме надеж дека ситуацијата ќе се реши дипломатски“, нагласува Чавушоглу.

Можете да прочитате

Израелската војска убила и уапсила милитанти во акцијата на североисточниот дел од Газа

Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но мора да биде подготвена

Нетанјаху: Израел сам ќе ги носи своите одлуки