Утрински Весник
Магазин

Горештината ги намалува умствените способности

Vreme 1.webp.webp

Превисоките температури на воздухот, регистрирани во одредени делови од светот, не само што предизвикуваат болести поврзани со жештината, туку и го оштетуваат мозокот.

Долготрајната изложеност на топлина може да доведе до топлотен удар, што има последици и по физичкото, и за психичкото здравје. Стручен напис во списанието „Лансет неврологија“ (The Lancet Neurology) нагласува дека преголемата температура ја предизвикува способноста на телото да ја регулира топлината и така ги нарушува функциите на нервниот систем. Во таа смисла, како што велат научниците, се очекува климатските промени во иднина да ја влошат невролошката и психијатриска состојба, на пр., со Алцхајмеровата болест и шизофренијата.

Истражувањата покажуваат дека на 26 Целзиусови степени човековите когнитивни способности почнуваат да опаѓаат. Некои експерти, имено, веруваат дека повисоките температури може да ја намалат активноста на парасимпатичниот нервен систем и нивото на кислород во крвта, што доведува до намалени умствени способности.

Човековиот нервен систем работи како „мрежа од електрични кабли“, а топлината „влијае на електричната спроводливост“, објаснува д-р Кимон Бекелис од САД. Тој ја истакнува важноста од следење на психичкото здравје за време на топлотните бранови, бидејќи токму тогаш депресијата и анксиозноста може да се влошат.

Препораките, пак, гласат: За време на горештините, клучно е да се остане на климатизирани места и самото тело да биде хидрирано. За оние кои имаат проблеми со регулирање на топлината, елеците за ладење можат да помогнат во намалувањето на телесната температура.

Јун Ву, професор по Животна средина, здравје и работа на Универзитетот на Калифорнија-Ирвин, во овој контекст ја истакна потребата од садење повеќе дрвја, бојадисување на покривите од куќите и патиштата во посветли бои коишто ја впиваат сончевата енергија и спроведување зелено планирање за намалување на топлината и прочистување на воздухот. 

Можете да прочитате

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка

Во ЕУ во јуни регистрирани речиси 1,1 милион нови автомобили

Вака изгледал час по физичко во 1966 година, за многумина е научна фантастика: Вежбите кои ги прават се незамисливи за денешните генерации