Утрински Весник
Свет

Големи пожари во јужниот дел на Албанија

Kalifornija Pozari 22.jpg

Војници и пожарникари денеска се ангажирани за гаснење пожар во јужна Албанија во во близина на грчката граница, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека противпожарни екипи, поддржани од хеликоптер вчера ставиле под контрола неколку шумски пожари, но високите температури и ветровите го поттикнале ширењето на пламенот во близина на Дропул, Финиќ и други делови на југот на земјата.

Хеликоптер „Кугар“ и околу 30 припадници на нашите вооружени сили, заедно противпожатрни единици, продолжуваат со операциите за гаснење на пожарите што т во селата во близина на Дропул, Финиќ, Саранда, Ѓирокастро и Пермет, објави на Фејсбук албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Пред два дена тој состојбата со пожарите ја оцени како загрижувачка, објавувајќи дека дневно се регистрираат по најмалку 10 пожари, упати апел за внимателност и предупреди дека затворска казна за потпалувачите е до 15 години.

Топлотниот бран што се очекува да трае до крајот на неделата го зафати Балканот, а во Албанија температурите надминаа 40 степени Целзиусови.

Можете да прочитате

ИДФ: Во нападот во Бејрут е убиен воен командант на Хезболах

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во Техеран

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)