Утрински Весник
Македонија

Голема полициска акција: Поранешен заменик-министер и директор меѓу осомничените за малверзации со стокови резерви

Whatsapp image 2025 11 19 at 09.34.54.jpeg

Голема полициска акција се спроведува од утрово на повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. Според информации до кои дојде Прес24, меѓу приведените и осомничените се поранешен заменик-министер за земјоделство, поранешен директор на Агенцијата за стокови резерви и уште тројца раководители од истата институција.

Сомневањата се однесуваат на сериозни малверзации со државните стокови резерви. Според обвинителството, осомничените со неизвршување на своите службени должности придонеле да се отпишат 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од стоковите резерви, со што на државниот буџет му била нанесена штета од околу 780.000 евра.

Меѓу осомничените се поранешниот заменик-министер за земјоделство Т.Д., поранешниот директор на Агенцијата за стокови резерви Р.А., како и уште двајца раководители во институцијата. Осомничено е и едно вешто лице од Бирото за процена, специјализирано за процени во земјоделството.

Полициските активности продолжуваат, а повеќе информации и детали за акцијата се очекуваат во текот на денот.

Можете да прочитате

Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници, ние сме првата Влада која се посвети на инфраструктурата

Лидерство, пријателство, влијание. Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата