Утрински Весник
Свет

Голема несреќа во Пакистан: 49 деца се удавија кога преполн брод се превртел во езеро

Голема несреќа во Пакистан: 49 деца се удавија кога преполн брод се превртел во езеро

Пакистанската полиција денеска соопшти дека 49 деца загинале кога преполн чамец се превртел во езеро во северозападен Пакистан.

dobivaj vesti na viber

Во прелиминарните извештаи веднаш по несреќата во неделата се наведувало дека загинале најмалку десет деца. На нуркачите им биле потребни три дена за да ги извлечат телата од студената вода, објави „Гардијан“.

Момчињата, на возраст меѓу седум и 14 години, биле ученици во верско училиште и биле на патување до езерото Танда.

„ Водата беше многу студена, а лошото време само ја отежнуваше спасувачката мисија. Меѓутоа, денеска нуркачите успеаја да нурнат длабоко и да ги извлечат преостанатите тела – изјави висок претставник на спасувачката служба Хатир Ахмад.

Покрај телата на децата, извлечени се и телата на наставничката и возачот на чамецот, па вкупниот број на жртви е 51.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале