Утрински Весник
Балкан

Голема акција во Косово: Уапсени 39 лица за измама од 1,4 милиони евра во осигурителниот сектор

20260108193015 big 730x400 66.webp.webp

Вкупно 39 лица се уапсени во Косово под сомнение за предизвикување штета од над еден милион евра во Косовското биро за осигурување (БКС) – институција надлежна за задолжителното осигурување на возилата.

Меѓу приведените во денешната полициска акција се и поранешниот извршен директор Сами Мазреку и поранешниот финансиски директор Ваљон Бериша. Главниот обвинител во Призрен, Петрит Криезиу, изјави дека двајцата се сомничат за злоупотреба на службената положба со која прибавиле лична корист, нанесувајќи му штета на Бирото во износ од 1,43 милиони евра.

– Истрагата откри 166 сомнителни трансакции поврзани со фиктивни вонсудски спогодби. Во периодот од 2016 до 2023 година, лицата лажно се претставувале како жртви на сообраќајни несреќи и подигнувале отштети во износ од 6.800 до 68.000 евра – појасни Криезиу.

При претресите се запленети 23.700 евра во готовина, злато, рачни часовници и електронски уреди. Акцијата била насочена против вкупно 47 лица, но дел од нив се во бегство или надвор од земјата. Истрагата за случајот започнала во март 2025 година.

Можете да прочитате

Масовни поплави во Косово – 24info.mk

Голем пожар во Тирана: Горат околу 50 магацини, евакуирани многу семејства

Силно невреме во Западна Турција: Прекинат сообраќајот низ Босфорот и Дарданелите