Утрински Весник
Македонија

Голема акција на Богородица: Запленети 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари

Image 2026 07 28 094108584.png

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој се обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.

Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали  – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени.

Со оваа акција Царинската управа ги потврдува своите заложби во сузбивање на нелегална трговија со цигари и спречување на прекуграничен криминал во меѓународни размери.

Можете да прочитате

Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија

Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани