Утрински Весник
Македонија

Го прободел со нож и самиот се пријавил во полиција, крвав инцидент во тетовско

Policija 3.jpg

– Денеска (30.08.2024) во 14.15 часот О.И. (36) од с.Стримница, тетовско, самиот се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото Стримница со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од с.Стримница. Ф.Б. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал Б.С. (34), градоначалник на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што се дал во бегство.

Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б..

СВР Тетово во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Томовски: Ќе градиме нов саем со хали, хотел и спортски терени

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Министерство за култура: Филмот за Слаткар е поддржан поради неговата силна општествена и инклузивна димензија