Утрински Весник
Македонија

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Dejvid Gir Intervju7 681x400 1.jpg

Првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на кампањата вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки, изјави Дејвид Гир, амбасадорот на Европската унија во земјата, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк. -Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од Првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, додаде евроамбасадорот.

Можете да прочитате

Девет години од настаните од „Диво Насеље“

Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Силјановска-Давкова

Еурактив за вчерашните избори во Република Северна Македонија