Утрински Весник
Македонија

Гевгеличанец осомничен за обљуба и напад врз малолетничка

Semejno Nasilstvo 1.jpg

Полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.М.(26) од Гевгелија заради сомнение дека физички нападнал и извршил обљуба врз малолетничка од валандовско, при што ѝ дал да користи марихуана, соопштија денеска од СВР Струмица.

– Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени грендери и други предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело, информираа од СВР Струмица.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Возач на мотоцикл излетал од патот

Судијата Ѓоко Ристов не се чувствувал виновен за митото

Мицкоски: За само две години сме оствариле додадена вредност поголема од таа на СДСМ и ДУИ за 6 години, а долгот е за речиси 2 ипол пати помал