Утрински Весник
Македонија

Германски портал: Не пијте вода од чешма во Македонија

Voda za piene.jpg

Германскиот портал „ADAC“ објави статија каде се наведуваат земји каде пиењето вода од чешма може да биде опасно по здравјето на луѓето. Таму се додава водата да се пие строго флаширана и во затворени шишиња. Во друштво на тие земји зачудувачки се најде и Македонија.

Според „ADAC“, во сезона на летни одмори безбедно е да се пие вода од чешма во земји како Хрватска на пример каде е домаќин на многу германски туристи. Од порталот ги наведоа земјите во кои водата е опасна за пиење:

1. Албанија,

2. Босна и Херцеговина,

3. Бугарија,

4. Косово,

5. Литванија,

6. Латвија,

7. Молдавија,

8. Македонија,

9. Романија,

10. Србија,

11. Турција.

Имено, водата од чешма во некои земји може да претставува ризик по здравјето. Овие предупредувања се засноваат на информации од американските центри за контрола и превенција на болести, пишува списанието Феникс.

Можете да прочитате

Почина поранешниот министер и пратеник Самка Ибраимовски

Мециновиќ: ДПМНЕ ја оплакува демографската катастрофа, а без ниту еден аргумент го одби Предлог-законот на Левица за станбена поддршка на младите семејства

Клековски: Прашањето не е само дали, туку како безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест