Утрински Весник
Свет

Германската полиција изврши рации во земјата поради шверцување мигранти

Германската полиција изврши рации во земјата поради шверцување мигранти

Повеќе од 350 германски полицајци рано утринава извршија рации во Германија во врска со шверцување мигранти.

dobivaj vesti na viber

Рациите се фокусирани на градови и населени места во северна и западна Германија, како и во Баварија на југ, објави германската новинска агенција ДПА.

Уапсени се пет лица, а во објектите во кои упаднале затекнале мигранти, без дозвола за престој.

Рациите ги нареди федералната полиција поради сомневања за организиран шверц на странци.

Можете да прочитате

Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: на бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција

Силен земјотрес во Турција, се почувствувал и во Грција

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина