Утрински Весник
Свет

Германија планира да ја олесни процедурата за добивање државјанство

Германија планира да ја олесни процедурата за добивање државјанство

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, презентира делови од предлог-законот што треба да го олесни стекнувањето германско државјанство и според кој, наместо досегашните осум, документот ќе биде можно да се дибие по пет или три години легален престој.

dobivaj vesti na viber

„Наместо сегашните осум години, државјанството ќе се стекнува по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција, дури и по три години“, рече министерката Ненси Фезер во интервју за неколку германски медиуми.

Под многу успешна интеграција Фезер подразбира брзо учење на германскиот јазик и добра интеграција во работата или образовниот систем на земјата.

„Предлог-законот е готов и е испратен на проверка до надлежните министерства“.

Деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција. Социјалдемократско-зелено-либералната влада во својот коалициски договор предвиде реформа на законот за стекнување државјанство. Според овој нацрт, децата родени во Германија автоматски би стекнале право на државјанство доколку еден од родителите легално престојува во Германија најмалку пет години.

За лицата над 67 години ќе се спуштат јазичните критериуми како услов за стекнување државјанство во иднина и ќе биде доволно барателот да може „вербално да комуницира“.

„Со полесната процедура за стекнување државјанство сакаме да се запознаеме со генерацијата гастарбајтери, кои дадоа значаен придонес во развојот на оваа земја“, рече Фезер.

Таа најави и дека треба полесно да се стекне двојно државјанство, што во моментот е забрането во Германија, со некои исклучоци.

„За интеграција, многу поважни се познавањето на јазикот, образованието и признавањето на демократскиот поредок од прашањето дали апликантот има друго државјанство“, рече Фезер.

Неможноста да се задржи старото државјанство при добивањето на германското се смета за најголема пречка за зголемениот упис на странците, кои подолго време живеат во Германија, во регистарот на германски државјани. Граѓаните на Европската Унија може да го задржат старото државјанство, дури и по добивањето германски пасош.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале