Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Во населбата Крњево сметот не беше исчистен две недели, градските претпријатија да ја одржуваат чистотата насекаде

Whatsapp Image 2025 01 27 At 16.13.15 7669a6ab.jpg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во изјава за Канал 5 телевизија потенцира дека не е првпат да реагира во однос на сметот што не се расчистува од страна на градот Скопје, а под чија надлежност е самиот град и градоначалничката Данела Арсовска.

„Ова не е моја прва реакција во делот на сметот. Се случува многупати да реагираме за истиот проблем, дури ако се сеќававте и баравме да ги превземеме ингеренциите не само Општина Центар, туку и сите скопски општини да ги превземат ингеренциите во делот на комуналната хигиена. Утрово, се соочивме со многу смет, во текот на викендов имавме и поплаки од страна на жителите дека неколку дена не е исчистен сметот во одредени населби, особено во населбата Крњево. Онаа слика којашто утрово ја видов при носење на моите деца во училиште беше многу лоша и катастрофална и е недозволиво да се случува не само во Општина Центар, туку и во сите скопски општини, еден огромен проблем со кој се соочуваме, а за којшто мора да се изнајде решение. Ние како општина превземаме мерки според можностите и капацитетите коишто ги имаме за самите да го отстрануваме сметот, но не и сметот од контејнерите, поради тоа што немаме таква механизација за отстранување на истите”, рече Герасимовски.


Герасимовски истакна дека неколку пати е дискутирано на ЗЕЛС за преземање на ингеренциите и побарано е од страна на сите скопски градоначалници да се преземат ингеренциите.

„Мислам дека имаа неколку состаноци и претседателот на ЗЕЛС, заедно со владата за да ги увидат можностите за законските регулативи за да се превземат ингеренциите. Немам целосни информации до каде е со самите разговори”, потенцираше Герасимовски.

Службите многу често апелираат до комуналното претпријатие, но и до останатите градски претпријатија за одредени проблеми со кои се соочуваме како општина, се со цел да ги подобриме условите за живот и јавното добро да го заштитуваме целосно како општина. Службите имаат комуникација со Градот, добиваат одредени одговори во делот на отстранување на сметот, недоволен капацитет на вработени, расипани возила и слично, но сето тоа не е оправдување. Ние како избрани функционери треба да работиме во интерес на граѓаните и да им пружиме што подобри услови за живот. Упатувам апел сите заедно да допринесеме за почиста и здрава животна средина и да водиме што повеќе и поголема грижа за подобар живот на сите жители”, посочи Герасимовски.

Можете да прочитате

Герасимовски: Од утре почнуваме со голема акција за чистење на Центар

Гори дива депонија спроти ТВ Канал 5

Герасимовски: Центар ќе се мобилизира за чистење на општината откако градот Скопје повторно потфрли