Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Признанието на Црвен Крст е потврда за хуманитарните активности спроведени во Општина Центар

Whatsapp Image 2025 03 07 At 09.25.39 1.jpeg

По повод 80 години од основањето на Црвениот крст, на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски му беше врачено јубилејно признание за клучниот придонес на општината во хуманитарните активности на локално ниво. Признанието му беше доделено на свечена церемонија, која ја организираше Црвениот крст на Општинската организација Центар.

„Ова е потврда за нашето цврсто партнерство со Црвениот крст и заедничката посветеност кон подобрување на животот на нашите сограѓани”, истакна Герасимовски, заблагодарувајќи се за добиеното признание.


Градоначалникот ги истакна клучните проекти реализирани во соработка со Црвениот крст на Општинската организација Центар: „Заедно имплементиравме услуги и проекти како што се ‘Итно копче’ за пензионерите, воведовме бесплатен транспорт за лица со попреченост над 18 години, организираме едукации за прва помош во училиштата и градинките, работилници, крводарителски акции, активности за поддршка на граѓаните за време на високите температури, како и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години. Нашата цел е да создадеме општина во која секој граѓанин ќе има поддршка и сигурност.”

Директорот на Црвениот крст на Општинска организација Центар, Ивица Бошков, ги поздрави заложбите на Општина Центар, истакнувајќи дека само преку соработката со локалните самоуправи Црвениот крст може да ја исполни својата мисија кон граѓаните. На настанот присуствуваа директори на училишта, наставници, претставници на здруженија и на пензионерите од Центар, како и долгогодишни соработници.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост