Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчиња

Whatsapp image 2026 05 15 at 09.27.59.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните.

По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани.


Особено внимание се посветува на младите семејства, преку финансиската поддршка за новороденче, која годинава е зголемена од 7.000 на 10.000 денари.

Во буџетот за 2026 година за оваа мерка се издвоени околу 4 милиони денари, а од јануари до денес се исплатени 696.681 денар.

„Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој  родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче”, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Дополнително, во план е изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, со што ќе се одговори на потребите на семејствата од тој дел на Општина Центар.

Општина Центар продолжува и со поддршка на повозрасните сограѓани, преку зголемување на еднократната помош за пензионерите на 5.000 денари, како и со низа мерки и активности насочени кон унапредување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот.

Можете да прочитате

Миро Кацаров поставен за директор на Универзална сала

Транспортирани  200 кубни метри отпад во рамките на акцијата „Генералка викенд“

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Општина Аеродром