Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Општина Центар отсега и на вашиот телефон – нова мобилна апликација за граѓаните

Mobilna aplikacija.jpeg

Општина Центар – Скопје ја пушта во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината.

Апликацијата во моментов е достапна за преземање на App Store за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за Android корисниците преку Google Play.

Новата апликација е уште еден чекор во процесот на дигитализација и има за цел да ја направи комуникацијата со Општината побрза, поедноставна и подостапна. Преку мобилен телефон, граѓаните ќе можат да ги следат актуелните вести, соопштенија, настани и јавни повици, но и директно да пристапат до електронските услуги и сервисите што ги нуди Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека со новата апликација Општината продолжува со воведување современи решенија кои им заштедуваат време на граѓаните и им овозможуваат полесен пристап до информациите и услугите.

„Сакаме Општина Центар да биде достапна за граѓаните секогаш кога им е потребна. Наместо да пребаруваат на повеќе места или да доаѓаат во Општината за секоја информација, сега најважните услуги и информации ќе ги имаат директно на својот телефон. Со новата апликација правиме уште еден чекор кон поотворена, поефикасна и подигитална општина, во која граѓанинот е во центарот на услугите”, изјави Герасимовски.

Преку апликацијата е овозможен брз пристап до ГИС Порталот, е-Урбанизам и е-Дозволи, „Мој Буџет”, како и до сите општински услуги организирани по категории, со можност за брзо пребарување.

На едно место се достапни и општинските документи, обрасци и одлуки, како и сите потребни контакт информации – адреса, телефон, електронска пошта и работно време на Општината.

Посебен дел е предвиден за директна комуникација со граѓаните, преку кој тие ќе можат да пријават проблем или да испратат предлог до Општината. Достапни се и корисни линкови за пристап до информации од јавен карактер, пријавување корупција, отворени податоци и граѓански буџет.

Апликацијата е наменета не само за жителите на Општина Центар, туку и за сите кои работат, престојуваат или секојдневно го посетуваат центарот на Скопје.

Со новата мобилна апликација, Општина Центар продолжува со дигитализацијата на услугите и со создавање модерна, отворена и достапна општина која им го олеснува секојдневието на граѓаните.

Можете да прочитате

ЈСП воведува линија 37 ќе вози од Радишани до Карпош преку „Словенечка“

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат