Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Нокаут и диџеј Јорданов приредија незаборавна журка, Боемска преполна со граѓани

Vecer Pod Zvezdite 27.12 6.jpeg
Dik 300x250 mk

Културната манифестација „Вечер под ѕвездите”, синоќа привлече голем број посетители, улицата Боемска беше преполна со граѓани од сите генерации – од намали до највозрасни кои се забавуваа заедно. Музичката група „Нокаут” и диџеј Александар Јорданов, приредија незаборавна предновогодишна журка исполнета со многу позитивна енергија, пеење и танцување.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува огромна благодарност до граѓаните кои вчеравечер беа дел од предновогодишната магија кадешто сите во еден ритам и глас, здружени уживаа во познатите македонски хитови „Временска машина”, „Фатална опсесија”, „Самовила”, „1000 причини за крај”, „Лебедот бел”, „Телефонскиот број не постои” и многу други.


„Беше навистина прекрасно да се види толку многу луѓе на Боемска кои се веселеа на добра македонска музика и во претпразнична атмосфера. Со овој настан ја потврдивме нашата цел – да создадеме поврзаност и да донесеме радост во Центар, во Скопје. На Скопје дефинитивно му се потребни повеќе манифестации. Продолжуваме и во иднина да организираме вакви концерти кои ќе го размрдаат градот и ќе создадат простор за забава, креативност и дружење на сите генерации. Се заблагодарувам на граѓаните кои синоќа беа дел од „Вечер под ѕвездите” и им посакувам среќни и новогодишни празници. Се гледаме повторно на концерт!”, истакнува Герасимовски.

Можете да прочитате

(Видео) Трајановски даде јавен завет: Ќе поднесам оставка ако во првата година не ги започнам трите клучни проекти

Митески: Општина Аеродром успешно се справи со нефункционалноста на Комунална хигиена, во Дрисла депониравме 600 тони отпад

Герасимовски: Ќе победиме со двојно поголема разлика во вториот круг