Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: „Дебарца” се реконструира, вложуваме во побезбеден и поквалитетен сообраќај

Whatsapp image 2025 04 10 at 14.55.19 4.jpeg

Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Дебарца”, на потегот од улицата „Ленинова” до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”. Се реконструира делница во должина од 220 метри, со целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри, како и обновување на тротоарот од едната страна со површина од 1.000 метри квадратни.

„Продолжуваме со реконструкција и санирање на повеќе улици во општината согласно зацртаната програма. Приоритет ни е модерна и квалитетно изведена патна инфраструктура за побезбеден и полесен сообраќај”, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.


Овој дел од улицата е во амортизирана и дотраена состојба, со сериозни оштетувања што го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Со реконструкцијата значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста, а ќе се придонесе и за поквалитетно урбано уредување на просторот.

Средствата за реализација се дел од поддршката што Општина Центар ја доби од претходната Влада, во износ од 40 милиони денари, наменети за реконструкција на улиците „Светозар Марковиќ” и „Дебарца”. Според предвидената динамика, се очекува работите да завршат за два месеци.

Можете да прочитате

Утре и во понеделник нема да се плаќа паркирање на ЈП „Градски паркинг“ – исклучок се неколку места

Без струја денес делови од една скопска населба

Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден