Утрински Весник
Спорт

„Gazzetta“: Ако си отиде Конте, се отвора место за Манџукиќ на „Меаца“

„Gazzetta“: Ако си отиде Конте, се отвора место за Манџукиќ на „Меаца“

По неславното заминување од Јувентус и кратката неуспешна авантура на Блискиот исток, хрватскиот фудбалски интернационалец, Марио Манџукиќ би можел на „голема врата“ да се врати во Серија А.

Италијанска „La Gazzetta dello Sport“ пишува дека хрватскиот ас е една од опциите за нов напаѓач на Интер, но неговото доаѓање на „Џузепе Меаца“ е поврзан со тренерската позиција во екипата.

Антонио Конте е под голем притисок по изјавата дека би сакал да се врати во Јуве, па шпекулациите се дека е можно летово да ги напушти „нероазурите“. Иако тој ги демантираше ваквите наводи, сепак се уште сите опции се во игра.

Доколку Интер и Конте се „разделат“, главен фаворит за тренерската позиција е Масимилијано Алегри, а тој како слободен играч би го донел Манџукиќ со кого соработуваше во клубот од Торино.

Другата опција – доколку Конте остане на кормилото, ќе се обиде повторно да го доведе Един Џеко од Рома.

> „Gazzetta“: Ако си отиде Конте, се отвора место за Манџукиќ на „Меаца“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига