Утрински Весник
Македонија

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на комисија

Afrim Gasi Nasa Sobranie 696x534 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Како претседател на Собранието, мојата главна одговорност е да го почитувам и спроведувам Деловникот и процедурите на Собранието, вели претседателот на Собранието Африм Гаши за случајот со Илире Даути.

„Во овој контекст, интерпелацијата до претседателот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, беше спроведена во целосна согласност со Деловникот, законите и Уставот. Важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци“, соопшти Гаши.


Според него, прашањата, како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците.

„До денес, не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на комисија.

Од процедурална гледна точка, ова прашање е решено. Секое друго толкување освен ова е едноставно политичка реторика за дневна употреба и нема никаква правна основа, во која јас како претседател на Собранието нема да учествувам“, прецизира Гаши.

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница