Утрински Весник
Свет

Г7 ги повика Северна Кореја и Русија да престанат со незаконскиот трансфер на оружје

Images 2 1.jpg

Шефоците на дипломатиите на Г7 денеска соопштија дека се „сериозно загрижени“ за продлабочувањето на соработката меѓу Русија и Северна Кореја, особено за трансферите на оружје од Пјонгјанг во Москва за употреба во напади во Украина.

„Ние сме многу загрижени од продлабочувањето на соработката помеѓу КНДР и Русија во флагрантното кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН“, се наведува во соопштението објавено од годинашниот претседател со Г7, Италија.

„Ги повикуваме Северна Кореја и Русија да престанат со незаконскиот трансфер на оружје“, се додава во соопштението, објавено и во име на министрите за надворешни работи на Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Европската унија.

Министрите наведуваат дека неодамнешните санкции од нивните влади „претставуваат координиран напор да ги повикаат на одговорност КНДР и Русија и да наметнат трошоци за актерите и субјектите вклучени во незаконскиот трансфер на оружје од КНДР во Русија за употреба во нападот на Украина“.

„Нашите влади стојат на решителна позиција кон овие континуирани трансфери на оружје, кои Русија ги искористи за да ја нападне критичната инфраструктура на Украина, продолжувајќи го страдањето на украинскиот народ“, се додава во соопштението.

Во извештајот на Пентагон од оваа недела се наведува дека Русија користи севернокорејски балистички ракети во Украина, повикувајќи се на анализа на нивните остатоци.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција