Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите на Вардар ќе тренираат во Аеродром

Фудбалерите на Вардар ќе тренираат во Аеродром

Вардар за тренинзи и за подготвки ќе го користи теренот во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“. Ова откако Општина Аеродром му излезе во пресрет на клубот и му го даде овој терен.

dobivaj vesti na viber

Веста ја објави градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски кој најави дека Вардар ќе може да го користи теренот веднаш штом биде комплетирана законската процедура.

“На моја и иницијатива на претседателот на Советот на општината Дејан Митески, Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот. Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Комити, која од неодамна е сопственик на клубот. На состанокот разговаравме за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“, напиша Муцунски.

Вардар сега трениера на фудбалскиот терен во Кадино.

Можете да прочитате

ЛШ: Монако ја изненади Барселона, реми на Арсенал во Бергамо

ЛШ: Бенфика победи во Белград, Баер сигурен против Феејнорд (ВИДЕО)

Општа тепачка на мечот меѓу КК Чаир 2030 и КК ТФТ