Утрински Весник
Спорт

Фудбалер остана без прсти по експлозија на петарда

Fudbal.jpg

Фабио Скијафино, фудбалер на белгискиот четвртолигаш КСЦТ Менен, останал без еден прст, а од уште два лекарите решиле да ампутираат делови. Несреќата се случила среде натпревар, кога Скијафино сакал да отстрани од теренот петарда која била фрлена од трибините.

Скијафино, на својот 26.роденден постигна два гола, неговиот тим победи со 4:0, но натпреварот нема да му остане во добро сеќавање.

Петардата фрлена на теренот, тој ја фатил со десната рака се обидел да ја исфрли надвор од границите на игралиштето кога и се случи хорор сцената.

Инцидентот можете да го видите ТУКА.

Направата која му експлодирала во рака е петарда од типот Кобра 6, а белгиските медиуми јавуваат дека е забранета за продажба во земјата. На теренот ја фрлил 21-годишник, кој по натпреварот бил приведен од полицијата и против кого е поднесена пријава.

„Кога се исчисти чадот, видов дека ми недостасуваат делови од прстите“, рече Скијафино.

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ