Утрински Весник
Свет

Франција со предупредување: Струјата ќе поскапи за 1.000 отсто, а за гас нема ни да зборуваме

Франција со предупредување: Струјата ќе поскапи за 1.000 отсто, а за гас нема ни да зборуваме
Dik 300x250 mk

Проектираната пазарна цена на струјата во Европа во 2023 година ќе биде десетпати повисока од пред две години, а цената на гасот ќе биде петпати повисока од 2021 година, изјави во денеска премиерката на Франција, Елизабет Борн на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

„Цените на енергијата растат. Што се однесува до гасот, пазарот за 2023 година постави цена која е 5 пати повисока од цената за 2021 година. Што се однесува до струјата, проектираната цена на пазарот во 2023 година е 10 пати повисока од цената во 2021 година“ рече таа.

Претходно француските медиуми објавија дека големопродажната цена на струјата во Франција ќе достигне рекордно високо ниво во 2023 година, надминувајќи ја границата од 1.000 евра за мегават час – 1.000 отсто повеќе од пред една година.

Премиерката ги објави новите владини чекори за борба против поскапувањето на гасот и електричната енергија по завршувањето на овогодинешните мерки за задржување на поскапувањата на 4 отсто до крајот на декември 2022 година.

 

Можете да прочитате

Извештај: За 1,5 година се обиделе да се самоубијат 279 израелски војници

Нетанјаху нареди напади врз Газа

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи