Утрински Весник
Свет

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Policija Francija.webp.webp

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен побара од полициските префектури да ја зголемат безбедноста пред синагогите, како и пред верските училишта, еден ден по нападот на Иран врз Израел и пред еврејскиот празник Пасха.

Дарманен побара од полицијата да има видливо присуство пред „најчувствителните“ места за богослужба и згради.

Францускиот министер рече дека како што се приближува Пасха – од 22 до 30 април, треба да се посвети поголемо внимание и на собирите кои привлекуваат голем број луѓе.

Дарманен нагласи дека од денеска чувари треба да бидат присутни пред влезот на верските училишта при влез и излез на учениците.

Таа одлука е донесена поради „многу високо ниво на терористичка закана“, „високо ниво на антисемитски акти и тензии на меѓународно ниво“, вклучително и нападот на Иран врз Израел, додаде Дарманен. 

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат