Утрински Весник
Спорт

Франција без Канте на СП, Дешам до последно ќе ги чека Варан и Мањан

Франција без Канте на СП, Дешам до последно ќе ги чека Варан и Мањан

Светското првенство во Катар започнува на 20. ноември со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор. Светската шампионска титула освоена во Русија пред нешто повеќе од четири години ќе ја брани селекцијата на Франција која на Мундијалот ќе пристигне без еден од најважните играчи потврди селекторот Дидие Дешамп.

dobivaj vesti na viber

Франција е во групата Д заедно со селекциите на Австралија, Данска и Тунис и секако е фаворит за пласман во осмина-финалето, но и еден од фаворитите за освојување на титулата.

Триколорите ќе го отворат натпреварувањето на 22. ноември против Австралија.

Тренерот Дидие Дешамп списокот за Катар ќе го објави на 9. ноември, а на него ќе го нема Н’Голо Канте.

„Што се однесува до Мајк Мањан и Рафаел Варан, кои се повредени, денеска не можам да одговорам бидејќи ги немам сите елементи, но вратата останува отворена за нив. Единствениот за кого е затворена вратата е Канте. За останатите ќе треба да видиме каква е ситуацијата со нивните повреди“, изјави Дешам.

Да потсетиме, Канте неодамна ја оперираше тетивата и ќе отсуствува најмалку четири месеци, односно барем до февруари 2023 година.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи