Фотограф тврди дека бил физички нападнат откога актерката Маргот Роби го посочила и ги навела своите пријатели да го сторат тоа.
Педро Алберто Оркера закрепнува од скршената рака по наводна тепачка на улиците на Буенос Аирес, Аргентина, а во судските документи тврди дека тепачката избувнала кога Маргот (32) го вперила прстот кон него во друштво на пријатели.
Во документите 61-годишниот фотограф наведува: „Госпоѓа Роби, која можев да ја идентификувам, го допре рамото на еден од своите телохранители и покажа со прстот кон мене“.
„Тогаш неколку луѓе почнаа да ме тепаат. Ме удираа силно, се обидов да избегам, но паднав на тротоарот.. ако паднев на главата, сигурно ќе ме убиеја“.
Оркера се обидел да ги фотографира Марго и нејзината колешка актерка Кара Делевињ кога излегувале од ресторан во 3 часот наутро во неделата (2 октомври).
Неговиот адвокат Матијас Морла сугерира дека Маргот може да биде обвинета.
Во изјава за весникот „Сан“ тој рече: „Педро и другите сведоци велат дека Маргот покажала кон него со прстот.
„Ги прати да го удираат. Таа ја дели вината затоа што ги насочила кон фотографот. Ќе побараме таа да стане обвинета и соучесник. Таа не треба да биде само сведок, туку една од обвинетите што мора да презентира доказ“, вели адвокатот.
Џози Мекнамара, филмски продуцент и деловен партнер на Маргот, и Џек Хопкинс, кој работеше на нејзиниот филм „Барби“, беа уапсени на местото на инцидентот и цел ден во неделата го поминаа во притвор.