Утрински Весник
Македонија

(Фото)НОВИ ДЕТАЛИ ОД ПУКАЊЕТО ВО АРАЧИНОВО: Испалени скоро 30 куршуми кон возилото на градоначалникот

Puka Earachinovo.jpg

Обид за атентат на градоначалникот на општина Арачиново се случи денеска во истоименото населено место.

Како што дознаваме, кон автомобилот на градоначалникот Ридван Ибраими биле испукани 29 куршуми од автоматско оружје.

Градоначалникот не е повреден, но сериозна повреда има неговиот возач кој се наоѓа на скопските клиники каде му се вршат операции.

На местото на настанот има силно присуство на маскирани и вооружени припадници на полицијата.

Можете да прочитате

Уште колку животи треба да згаснат? велат семејствата од „Пулс“ и повторно побараа одговорност

Од утре задолжителна зимска опрема – што мора да има во возилото?

Жена од Македонија загина во страшна сообраќајна несреќа во Албанија