Еден спроти друг, на најпознатата улица во Скопје, улица Македонија се поставени промотивните штабови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.
Денеска започна кампањата за претседателските избори, а нешто после пладне сликата во двата штаба изгледаше вака.
Додека штабот на СДСМ беше полн со партиски активисти, случајни гости и намерници и од каде понекогаш се слушаше пријатна музика, штабот на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно затворен.
Ова е сликата неколку денови откако се одржа големиот и масовно посетен настан на кандидатот Стево Пендаровски, но и исто толку денови откако излезе големиот скандал за нарачување анкети од страна на ВМРО-ДПМНЕ како дел од Оперативен план на дејствување што протече во јавноста.
Зачудувачки е што штабот на ВМРО-ДПМНЕ денеска остана празен. Дали можеби во ВМРО-ДПМНЕ завладеала некаква паника по скандалот со Оперативниот план или пак сите се активирани за вечерашниот митинг пред зградата на Владата, ќе стане појасно во деновите што доаѓаат.