Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Проширувањето е во интерес на Европската Унија

Фон дер Лајен: Проширувањето е во интерес на Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Сплит, Хрватска, изјави дека проширувањето е во интерес на ЕУ и дека тоа треба да им се објасни на европските граѓани и на земјите членки.

dobivaj vesti na viber

„Мораме да соработуваме со земјите кандидати, тие треба да го заслужат членството, мора да спроведат структурни реформи и да се усогласат со Европската Унија“, рече Урсула фон дер Лајен во Сплит, каде што учествува на студиските денови на Европската народна организација.

Таа смета дека е многу важно да им се објасни на европските граѓани и земјите членки дека проширувањето е во интерес на ЕУ, „особено имајќи го предвид поопасното и понепредвидливо геополитичко опкружување“, пренесе агенцијата „Хина“.

Таа нагласи дека Хрватска е успешна европска приказна и дека тоа сега треба да се „повтори со сегашните кандидатки“, врз основа на нивните заслуги во реформскиот процес.

Зборувајќи за политиката за миграција и азил, таа рече дека „граѓаните со право очекуваат дека Европа е таа што одлучува кој доаѓа и под кои услови, а не шверцерите и трговците на луѓе“.

Претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, го истакна приоритетот на миграцијата велејќи дека треба да има и хуманитарен пристап за помош на оние на кои им е потребна.

Можете да прочитате

Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија, ја претекнаа САД

Трамп: Бајден е на страната на терористите, светот го води кон Трета светска војна

Разрешен потпретседателот на владата на Украина