Утрински Весник
Македонија

Фирма за печатење сведителства се бира, Шаќири се надева дека учениците ќе ги добијат на време

Фирма за печатење сведителства се бира, Шаќири се надева дека учениците ќе ги добијат на време

Постапка за избор на фирма која ќе ги печати свидетелствата – има, но дали учениците ќе ги добијат на време – нема конкретен одговор од министерот за образование Јетон Шаќири. Тој посочи дека тоа е обврска на Бирото за развој на образованието. Министерот само посочи дека се надева дека учебниците нема да доцнат.

dobivaj vesti na viber

„За свидетелствата одговорноста е во Бирото за развој на образованието. Јас како министер имам побарано пред еден месец и веќе имаат започнато постапка за економски оператор. Се надевам дека ќе заврши навремено. Истото прашање треба да го поставите во Бирото за развој на образованието. Во врска со учебниците, постапките за 3-то одделение завршија. Имаме време да ги одобриме. Постапките за 6-то одделение, веднаш се пуштени на повик за автори. Веќе имаме одобрени учебници за повеќе одделенија, што претходната година беше процес на одобрување“, кажа Шаќири.

Минатите две години, учениците добиваат свидетелства во септември, наместо во јуни, како што е пракса. На крајот од учебната година, свидетелства добиваа само учениците на кои документот им беше потребен за префрлање од училиште во училиште или за запишување на средно или факултет.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“